Доминиканската Република ја призна независноста на Косово

Доминиканската република денеска ја призна независноста на Косово, соопшти новинската агенција БЕТА повикувајки се на извори од косовското Министерство за внатрешни работи. Доминиканската република е 62 земја која ја призна независноста на Косово.