На Кипар се шири новиот вирус на грипот А ( ХИН1)

Во изминатите 24 часа во Кипар се регистрирани 17 нови случаи на заболени од новиот вирус А (Х1Н1), соопшти кипарското Министерство за здравство. Вкупниот број на заболените од грипот А, чии тестови дале позитивен резултат се 218. Населението на островот е 800.000 луѓе.Податоците не се однесуваат до Севернокипарската турска република, која е признаена само од Анкара.