Убиени 22-ца талибанци во Авганистан

Авганистанската полиција соопшти дека во борбите во централниот дел на земјата, биле убиени најмалку 22-ца талибански бунтовници. До судирите дошло откако британското министерство за одбрана соопшти дека во борбите во јужен Авганистан, загинале двајца британски војници. Во меѓувреме, двајца авганистански полицајци загинале во Кандахар од мина поставена на патот.