Комеморативен собир за жртвите од Сребреница

Стотици луѓе денеска се собраа во Сараево за да им оддадат почит на 500 жртви од масакарот во Сребреница. Меѓу насобраните беа роднини на убиените како и лица кои го преживеаа најцрниот настан во Европа по Втората светска војна. На 11 Јули 1995 повеќе од 8.000 мажи и деца од муслиманско потекло беа убиени во Сребреница. Меѓународниот суд на правдата го окарактеризира овој настан како геноцид.