Барање за потпопување на илегалните бродови со имигранти

Лидерот на екстремно десничарската Британска национална партија (БНП), Ник Грифин побара бродовите што превезуваат илегални имигранти од Африка во Европа да бидат потопувани. Во интервју за Би-Би-Си, Грифин, кој пред три недели беше избран за пратеник на европскиот Парламент, побара од Европската унија „многу построги“ мерки за спречување на напливот на илегални имигранти на континентот.