Самит за европската иднина на Западен Балкан

Во Дубровник денеска започнува дводневниот Кроација самит посветен на европската иднина на балканскиот регион. Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак, кој е еден од главните говорници на самитот, изјави дека ќе ги охрабри земјите од Западен Балкан да не отстапуваат од својот пат кон ЕУ и НАТО. Лајчак оценил дека за земјите од Западен Балкан европската перспектива е реалност, само тие треба да ги исполнат поставените критериуми.