Средба на македонскиот државен врв по посетата на Нимиц

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов за вечерва свика средба на државниот врв во врска со дводневните разговори за името со посредникот на Обединетите Нации Метју Нимиц. Учесниците на средбата се очекува да разменат мислења за измените на последниот предлог за името од октомври минатата година. На средбата, како што соопштија од Кабинетот на шефот на државата, ќе присуствуваат Премиерот Никола Груевски, Вицепремиерот Абдулаќим Адеми, Mинистерот за надворешни работи Антонио Милошоски и Специјалниот пратеник во разговорите за името Зоран Јолевски.