Најавена средба Меркел - Медведев

Рускиот претседател Димитриј Медведев следната недела ќе се сретне со германскиот канцелар Ангела Меркел. Средбата ќе се одржи во Минхен на 16 овој месец а теми на дискусија ќе бидат светската економска криза и борба против климатските промени. Германската и руската влада одржуваат вакви состаноци еднаш годишно.