Клинтон: Вашингтон ќе бара дополнителни санкции за Иран

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон ќе побара дополнителни санкции против Иран доколку земјата не соработува со Белата Куќа. Клинтон додаде дека соработката на САД со Иран може да биде отежната поради протестите во исламската Република, за време на кои властите ги репресираа приврзаниците на опозицијата.