Северна Кореја ја одбележа 15-годишнината од смртта на Ким Ил Сунг

Северна Кореја денеска ја одбележа 15-годишнината од смртта на основачот Ким Ил Сунг, а на церемониите присуствуваше и неговиот син и сегашен претседател Ким Џонг Ил, кој ретко се појавува во јавноста по минатогодишните здравствени проблеми. Режимот во Пјонг Јанг ја искористи и оваа прилика за упатување остри критики до Соединетите Држави и Јужна Кореја.