Русија се одалечува од приемот во СТО

Американскиот секретар за трговија Гери Лок денеска изјави дека предлогот на Русија за приклучување во Светската Трговска Организација вклучувајки ја и царинската унија со Казахстан и Белорусија, е невозможно. Пред ваквиот предлог на премиерот Путин, Русија и Соединетите Држави беа блиску до постигнување договор за прием на Москва во Светската Трговска Организација до крајот на оваа година.