Нови заболени од грип во Србија и Хрватска

Во Србија се регистрирани пет нови случаи на лица инфицирани со вирусот H1N1 на грипот од типот А, со што бројот на заболени од болеста во оваа земја достигна 26, соопшти српскиот Институт за јавно здравје. Сите пет нови случаи се регистрирани во Нови Сад, а станува збор за лица кои допатувале од Австралија. Меѓу заболените од грипот А во Србија се и тројца учесници на Универзијадата која деновиве се одржува во Белград. Претходно, здравствените власти на Хрватска соопштија дека во земјата се потврдени уште два случаја на лица инфицирани со вирусот H1N1 на грипот од типот А, со што во таа земја има вкупно тројца заболени.