Нови случаи на свински грип во Романија

Романските здравствени власти соопштија дека во земјата се регистрирани два нови случаи на заболени од новиот грип од типот А, со што бројот на заразените во Романија достигна 46 лица. Станува збор за 56-годишен жител на градот Брашов, кој минатиот месец се вратил од Велика Британија и за 28-годишен маж од Букурешт, кој пред три дена се вратил од САД.