Израелските власти ослободија поранешен член на Американскиот Конгрес

Израелските власти ослободија поранешен член на Американскиот Конгрес. Синтија Меккини беше притворена пред неколку дена на брод кој доставувал помош за Газа. Уште неколкумина активисти кои биле уапсени на бродот се се уште во затвор. Претставник на Обединетите Нации го нарече претресот на бродот „незаконски“.