Турција потпиша договор за нов гасовод до Европа

Турција и неколку европски земји постигнаа договор за реализација на проектот за снабдување на Европа со гас „Набаку“. Турскиот министер за надворешни работи изјави денеска дека меѓународен договор ќе се потпише на 13 овој месец. Турција, која согласно проектот треба да стане транзит земја за гасоводот до Европа, преговараше со Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија. Со имплементацијата на проектот „Набаку“ би требало да се намали зависноста на европските земји од руски гас.