Четворица загинати во југоисточна Турција

Четири лица загинале, а десетина биле ранети во експлозија на мина поставена на пат во источната турска провинција Шарнак. Агенциите јавуваат дека видот на експлозивната направа бил како оној што го користат припадниците на Курдската работничка партија кои од 1984 година се борат за автономна курдска држава во Југоисточна Турција.