Глад во светот поради климатските промени

Климатските промени ќе предизвикаат хронично гладување на светската популација, оценува Оксфем Интернешнал. Најновиот извештај на оваа хуманитарна организација со седиште во Британија е објавен на неколку дена пред самитот на Групата најразвиени земји во светот во Рим на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за последиците од климатските промени.