Зелаја не се врати во Хондурас

Во Хондурас најмалку едно лице загинало во судирите меѓу полицијата и демонстрантите кои бараат враќање на соборениот претседател Мануел Зелаја. Претходно Зелаја најави дека со авион ќе се обиде да се врати и побара лојалност од војската. Привремената влада го предупреди дека тој веднаш ќе биде уапсен, по што неговиот авион слетал во Никарагва.