Шеснаесетмина настрадани во поплави во Кина

Најмалку 16 лица настрадаа а повеќе од 300 илјади се евакуирани во поплавите кои настанаа во јужниот и централниот дел на Кина. Обилните дождови предизвикаа поплави кои уништија 287 домови во централниот реон на земјата. Нивото на водата во областа Ронгшуи се искачило два метри над земја.