Шестнаесетмина киднапирани во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека за сега неидентификувани вооружени лица киднапирале 16 авганистанци кои работеле за Обединетите Нации. Полицијата соопшти дека шеснаесетмината биле киднапирани во источниот дел на земјата, на патот меѓу Кхост и Пактиа. За сега никој ја нема превземено одговорноста за киднапирањето, но полицијата има основани сомнениа дека ова е дело на талибанските милитанти