Турција го именува новиот постојан претставник во ООН

Турција го назначи Ертугрул Апакан за нов постојан претставник на земјата во Организацијата на Обединетите Нации, објавија турските медиуми. Апакан е именуван за оваа функција на 29 јуни, а указот за неговото назначување е објавен во денешното издание на турскиот Државен весник. Досегашен постојан претставник на Турција во ООН беше Баки Илкин. Тој ја претставуваше земјата во светската организација во последните четири и пол години