САД испратија апел до Северна Кореа

САД испратија апел до Северна Кореа да не создава тензии откако севернокорејските власти лансираа вкупно седум краткодострелни ракети . Портпаролот на американскиот Стејт Департмент Карл Дакворт изјави дека постапките на официјален Пјонгјанг „не помагаат“, додавајки дека севернокорејските власти треба да се фокусираат на разговори за намалување на нуклеарниот арсенал. Инаку, Северна Кореа лансираше вкупно седум ракети со краток дострел од источниот брег на земјата во океанот.