Обвинет главниот политички аналитичар на британската амбасада во Иран

Адвокатот на приведениот ирански државјанин вработен во британската амбасада изјави дека неговиот клиент е обвинет за „дејствување против националната безбедност“ Хосеин Расам, главниот политички аналитичар на британската амбасада во Иран се наоѓа во затворот Евин и наскоро треба да се појави на суд.