ОБСЕ: Германија и СССР со иста улога за Втората светска војна

Парламентарното собрание на ОБСЕ денеска изгласа резолуција со која се изедначуваат улогите на нацистичка Германија и на поранешниот Советски сојуз во започнувањето на Втората светска војна. Во резолуцијата се бара 23ти август да биде ден на сеќавање на жртвите од нацизмот и сталинизмот. На тој ден во 1939 година двете држави потпишаа договор за ненапаѓање и за поделба на Источна Европа. Москва ги обвини западните земји дека се обидуваат да ја фалсификуваат историјата.