Мерка притвор за дел од приведените за шверц со луѓе

На седуммина од тринаесете лица приведени во акцијата за спречување меѓународен канал за шверц на луѓе им е изречена мерка притвор од 30 дена. Во соопштението на македонската полиција се прецизира дека на едно лице му е изречена мерка домашен притвор, додека другите пријавени ќе се бранат од слобода. Во акцијата во соработка со српската полиција беше разбиена меѓународна група составена од македонски, српски, кинески и грчки државјани која подолго време криумчарела мигранти од Кина за западноевропските земји.