Генералниот секретар на ООН во посета на Мјанмар

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун пристигна во Мјанмар во мисија да ја убеди воената влада да ги ослободи политичките затворници, вклучувајќи ја и лидерката на опозицијата, нобеловката Аунг Сан Су Кји. Веднаш по неговото пристигнување во Јангон, судот за 10 ти јули го одложи судењето на Су Кји затоа што таа ги прекршила правилата на домашниот притвор во кој се ноаѓа скоро две децении.