Визна либерализација за оние што ги исполниле условите

Шведскиот министер за миграции и азил Тобијас Билстром изрази очекување дека Европската комисија во средината на јули ќе поднесе предлог за визна либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора. Тој додаде дека шведското претседателство со ЕУ ја признава регионалната димензија на визната либерализација за Западен Балкан, но и оти посебно го нагласува фактот дека сите земји во тој процес треба да добијат безвизен режим кога ќе ги остварат потребните услови за тоа.