Хрватска испрати прв воен контингент на Косово

Првиот контингент на Хрватска е испратен во меѓународната мировна мисија КФОР на Косово, соопшти хрватското Министерство за одбрана, додавајќи дека со ова Хрватска ќе придонесе во стабилизацијата на состојбата на Косово. Контингентот е составен од 20 војници и два хеликоптери.