ММФ ја пофали Србија

Меѓународниот Монетарен Фонд денеска ги поздрави реакциите на Србија на светската финансиска криза. Заменик директорот на меѓународната организација Мурило Португал изјави дека навремените и одмерени реакции на официјален Белград го стабилизирале финансискиот систем во земјата и домашната валута. Србија е една од неколкуте земји во Југоисточна Европа која побара помош од Фондот.