Властите во Хондурас не дозволуаат враќање на протераниот претседател

Привремената влада на Хондурас, која ја презеде власта по воениот удар, ги отфрли меѓународните повици да го врати на функцијата протераниот претседател Мануел Зелаја. Зелаја го одложи враќањето во земјата, бидејки властите се заканија дека ќе го уапсат.