Почина Карл Малден

Амeриканскиот актер- оскаровец Карл Малден умре во 98-та година од животот, соопшти американската филмска академија. Малден е роден во 1912-та година во семејство на Чехинка и Србин, како Младен Секуловиќ. Добитник е на Оскар за споредна машка улога во филмот „Трамвајот наречен желба“ на Елија Казан од 1952-та година.