Украинскиот Парламент одобри пари за фудбалското првенство Еуро 2012

Украинскиот Парламент денеска одобри повеќе од една милијарда американски долари за финансирање на фудбалското првенство Еуро 2012. Парламентот исто така и` даде овластување на Владата директно да повлекува пари од Централната банка на Украина за потребите за првенството.