Коалицијата „Алијаса за промени“ освои 70 места во албанското Собрание

Коалицијата „Алијаса за промени“, предводена од Демократската партија на албанскиот премиер Сали Бериши, според 98 отсто од преброените гласови од неделните парламентарани избори, освои 70 места во 140-членото Собрание на Албанија, или еден пратеник помалку од непоходните 71 за обезбедување анпсолутно мнозинство. Како што соопшти денеска албанската Централна изборна комисија, на второ место е коалицијата „Единство за промени“ предводена од Социјалистичката партија на тиранскиот градоначалник Еди Рама со освоени 66 пратенички места.