Уште едно дете хоспитализирано со симптоми на грип од типот А

Едногодишно дете ноќеска од Прилеп е упатено на Инфективната клиника во Скопје со зголемена телесна температура, црвенило и дијареја. Детето е од групата од осум луѓе кои заедно со 15 годишникот кај кого веќе е констатиран грип од типот А, пристигнаа во Прилеп од Канбера, Австралија. Симптомите кај детето, кои наликуваат на грип од типот А, се јавиле пред едногодишникот да го прими лекот „Тамифлу“.