Ахмадинеџат го откажа патот во Либија

Иранскиот Претседател Махмуд Ахмадинеџат го откажал престојот во Либија каде што требаше да учествува на самитот на Африканската Унија. Нема официјално објаснување за откажувањето, кое доаѓа по тензиите во земјата и надвор од неа како поседица на оспоруваните претседателски избори на 12 Јуни. Шефот на иранската полиција изјави денеска дека 20 демонстранти биле убиени во протестите, а околу 1000 лица уапсени во пост изборните насилства.