Насилство на Северен Кавказ

Најмалку 3 полицајци се убиени, а 13 се ранети во нападите врз полициска станица во руската република Дагестан. Нападот се случил во регион во близина со границата на Грузија. Во северен Кавказ во последните неколку години се зголеми насилството поврзано со криминал но и со етничките спорови.