Вицепремиерот Боцевски поднесе неотповиклива оставка

Ивица Боцевски поднесе неотповиклива оставка на функцијата вицепремиер за европски прашања. Тој во оставката поднесена до премиерот Никола Груевски наведува дека неговиот придонес во актуелната Влада бил целосно исцрпен и оти до именувањето на новиот вршител функцијата ќе ја извршува државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања Перо Димшоски. Од Владата информираат дека премиерот Груевски изразил благодарност за досегашната соработка и задоволство од начинот на кој потпретседателот Боцевски го водел Секретаријатот.