Германскиот Уставен Суд - Лисабонскиот договор е компатибилен, но...

Германскиот Сојузен уставен суд во Карлсруе денеска пресуди дека Лисабонскиот Договор на Европската Унија е компатибилен со Германскиот закон. Меѓутоа, Уставниот суд соопшти дека е потребна дополнителна легислатива за да се осигура дека Германскиот Парламент целосно учествува во носењето на европските закони. Германскиот Парламент веќе го ратификуваше Лисабон, но договорот не е потпишан од Претседателот Хорст Келер. Неколку партии покренаа тужба против прифаќањето на Лисабонскиот договор, бидејки сметаат дека Германија веќе нема да биде суверена држава. Аналитичарите претходно оценија дека е скоро неможно Уставниот суд целосно да го прифати или пак да го отфрли обвинувањето. Лисабонскиот договор лани на реферерендум го отфрли Ирска, а во Чешка и Полска и покрај одобрувањето од парламентите, претседателите Вацлав Клаус и Лех Качински одолговлекуваат со потпишувањето на документот.