Грипот А ( Х1Н1) се шири на Балканот?

Во Подгорица е потврдено дека два пациенти, се инфицирани од новиот вирус на грип од типот А (Х1Н1). Со тоа, како што е соопштено од Министерството за здравство, бројот на заболените во Црна Гора е зголемен на шест, додека наодите на тројца пациенти се обработуваат. Министерот за здравство на Северно кипарската турска република, призната од Турција, соопшти дека и таму се регистрирани првите два случаи на заразени од овој тип на грип, јави Си-Ен-Ен Турк. Во исто време во Република Кипар беа потврдени пет нови случаи на заразени со грипот А, со што бројот на лицата заболени од новиот грип се зголеми на 25 лица.