За САД Зелаја останува Претседател на Хондурас

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека за Соединетите држави претседателот Мануел Зелаја останува претседател на Хондурас. ,,Зелаја е избран на демократски начин и тој не го заврши својот мандат,, оцени Обама, додавајќи дека државните удари не се легални пат за остварување на политичките промени во една земја.