Израел врати брод со помош на Движењето за слободна Газа

Израелската воена морнарица пресретнала брод со помош за Газа по што му наредила да се врати. Во бродот имало дваесетина луѓе, членови на Движењето за слободна Газа со седиште во Соединетите држави. Бродот бил пресретнат во меѓународните води и без никакво објаснување бил вратен на Кипар.