Албанија во очекување на конечните резултати од изборите

Во Албанија денеска се очекуваат конечните резултати од парламентарните избори што се одржаа во неделата. Главната опозициска Социјалистичка партија на Еди Рама и владејачката Демократска партија на премиерот Сали Бериша разменија обвинувања за застрашување за време на гласањето. Западните посматрачи оценија дека и покрај некои нарушувања имало напредок во избирачкиот процес. Првичните резултати покажуваат дека во предност е Демократската партија на Бериша.