Петмина загинати во Ирак

Најмалку петмина загинаа во експлозија на автомобил бомба во градот Мосул во северниот дел на Ирак, соопшти полицијата. Загинатите се полицајци а во експлозијата се повредени тројца цивили. Полицајците загинале во обид да ја деактивираат бомбата.