Пациент заболен со свински грип отпорен на „Тамифлу“

Компанијата која го произведува лекот „Тамифлу“ против грипот од тип А H1N1, попознат како свински грип, соопшти дека е регистриран прв случај на заболен кој не реагира на терапијата. За сега единствено е познато дека пациентот се наоѓа во Данска. Давид Реди, претставник на „Рош Кемикал“ и властите во Данска ја потврдија информацијата.