Русија потпиша договор за откуп на гас од Азербејџан

Руските власти потпишаа договор за откуп на природен гас од Азербејџан до 2010 година. Договорот е потпишан за време на официјалната посета на рускиот Претседател Димитриј Медведев во Баку. Потписник на документот е Алексеј Милер, шеф на руската државна компанија за гас „Газпром“.