Фуере: нема потреба од нов Рамковен договор

Евроамбасадорот Ерван Фуере денеска порача дека нема потреба од нов Рамковен договор и оцени дека постојниот останува клучен за стабилноста и економскиот просперитет на Македонија. „Неколку пати веќе е подвлечено дека патот на Македенија кон ЕУ води преку Охрид. Уште еднаш ќе напоменеме дека тоа може да се направи единствено преку ефективна имплементација на Охридскиот рамковен договор“ рече Фуере одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на локалната самоуправа во Охрид.