Нов претседател на Хондурас, стариот протеран во Костарика

Конгресот во Хондурас го наименува Роберто Мичелети за нов претседател на таа земја, откако претходно војската го протера досегашниот претседател Мануел Зелаја во Костарика. Во резолуцијата прочитана во Конгресот, Зелаја се обвинува за „ нерегуларно однесување„ и за нарушување на владеењето на законот. Војската на Хондурас вчера го уапси Зелаја пред да започне референдумот за промена на уставот, која би му овозможила повторно да биде избран за претседател. Врховниот суд го прогласи референдумот за нелегален и ја поддржа војската, наведувајќи дека станува збор за одбрана на демократијата. Зелаја од Костарика изјавил дека не ја прифаќа новата влада, а за неговата оставка, која претходно била прифатена од Конгресот, изјавил дека е лажна