Пакистанските власти го бараат лидерот на талибанците жив или мртов

Пакистанските власти понудија награда во износ од 615 илјади американски долари за било какви информации во врска со лидерот на талибанските милитанти Батулах Мехсоунд, кој се бара жив или мртов. Во огласот кој денеска е објавен во пакистанските медиуми, се наведува дека невини луѓе гинат поради крвничките активности на таканаречените бранители на исламот.