Хјуман Рајтс Воч: групата Басиј тепа ирански цивили

Меѓународната организација за човекови права Хјуман Рајтс Воч соопшти дека воената група Басиј во Иран упаѓа во домови и тепа цивили. Целта на акциите, како што смета меѓународната организација е спречување на ноќните средби против иранските власти. Хјуман Рајтс Воч исто така тврди дека иранските сили конфискуваат сателитски приемници, со цел да ги спречат граѓаните да гледаат странски програми.