Нема потвда за средба Милошоски - Бакојани денеска на Крф

На грчкиот остров Крф, вечер ке започне дводневен неформален Министерски состанок на земјите-членки на ОБСЕ, што ќе се одржи во организација на грчкото Претседателство.Се очекува шефовите на дипломатиите на 56-те држави-членки, мегу кои и македонскиот министер Антонио Милошоски, да дискутираат за прашања поврзани со современите безбедносни притисоци со кои се соочува Европа и потребата од зајакнување и унапредување на постоечките европски безбедносни аранжмани и структури. Состанокот на ОБСЕ ќе започне со неформална вечера непосредно по средбата на министерскиот Совет на шефовите на 28-те членки на НАТО, кој исто така се одржува денеска на Крф, на тема „Русија – НАТО“. Министерот Милошоски на маргините ќе оствари повеќе билатерални средби со своите колеги. Засега нема потвда дека ќе дојде од официјална средба меѓу министрите за надворени работи на Македнија и Грција Антонио Милошоски и Дора Бакојани.